Одложено рочиштето за „Поткуп“

Судот го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“ против лидерот на опозицијата Зоран Заев. Одбраната соопшти дека причината за одложување е службен состанок на Заев со амбасадорот на Кина. Неговиот адвокат Ване Андреев изјави дека на следното рочиште кое е закажано за трети март Заев ќе присуствува.

Во случајот „Поткуп“ претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица е обвинет за примање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште. Одбраната на Заев тврди дека постојат цврсти докази дека тој не примал мито од локален моќник во Струмица и дека кривичната против него е неаргументирана.

Случајот беше отворен откако во јавноста се појави видео снимено во Кабинетот на струмичкиот градоначалник каде наводно се договара поткупот од 2 евра за квадрат за градежно земјиште кое бизнисменот сакал да го купи.