ИД објави снимка со напаѓачите во Париз

Милитантите на ИД објавија видео снимка на која се претставени извршителите на нападите на 13 ноември во Париз кога загинаа 130 луѓе и и се заканија на меѓународната заедница која ги бомбардира нивните позиции во Сирија и Ирак. ИД ја објави снимката преку својот медиумски огранок „Ел Хајат“.