По снежната бура во источниот брег на САД

Њујорк и другите американски градови почнаа да ги укинуваат рестрикциите воведени поради снежната бура која го погоди источниот брег на САД. Мостовите и тунелите во Њујорк повторно се отворени и воспоставен е јавниот сообраќај. Во Вашингтон федералните владини згради и денеска остануваат затворени, а Претставничкиот дом на Конгресот ја одложи работата до 1 февруари. Вонредна состојба беше воведена во11 држави поради снежната бура која почна да губи во интензитет. Околу 85 милиони луѓе беа погодени од невремето, а над 7 илјади летови беа откажани. Новинските агенции јавуваат дека имало и 30 смртни случаи поврзани со снежната бура.