Пакистан бавно се справува со милитантите

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф, вети понатамошна акција за борба против милитантите само неколку дена откако талибанци нападнаа универзитет при што загинаа 21 човек. Тој призна дека Националниот план на владата против екстремистите бавно се спроведувал во одредени области. Националниот акционен план беше објавен во декември 2014 откако талибанците нападнаа училиште при што загинаа 150 луѓе, повеќето од нив деца. Со планот се мотивираат воените судови да продолжат да судат смртни казни по шестгодишниот мораториум. Шариф изјави Пакистан и Авганистан имаат договор дека нема да им овозможат на милитантите да ја користат територија на едната за напад на другата земја. Но дека сепак во Авганистан има одредени елементи кои сами го напаѓаат Пакистан. Пакистанските власти рекоа дека нападот на универзитетот на 20 јануари бил оркестриран од Авганистан.