Издадени 1.208 потврди за барање азил

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.208 странски државјани, од кои 505 се од машки пол, 244 се од женски и 459 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 605, Авганистан - 443 и Ирак - 160.

Во периодот од1 јануари 2016 до 23 јануари 2016 година, издадени се потврди на вкупно 39.043 странски државјани.