Кери ја заврши посетата на Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека американското пријателство со Саудиска Арабија е посилно од кога и да е. Тој додаде дека двете земји ќе се обидат заедно да стават крај на војните во Сирија и во Јемен. Кери денеска ја заврши посетата на Саудиска Арабија. Американскиот државен секретар вели дека ништо не е сменето во односите меѓу САД и Саудиска Арабија и покрај потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма. Саудиска Арабија долго време на Иран гледа како на регионална закана. Кери изјави дека со саудиските власти разговарале за начините како да се стави крај на војната во Сирија, како и за „нови идеи“ за постигнување мир во Јемен.