Кери во Саудиска Арабија, Бајден во Турција

Американскиот државен секретар Џон Кери е во посета на Саудиска Арабија, во обид да се намалат тензиите меѓу таа земја и Иран. Планирано е тој да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот за соработка меѓу шесте земји од Заливот. А ќе разговара и со претставници на сириската опозиција во пресрет на преговорите меѓу опозицијата и сирискиот претседател Башар ал-Асад, под мониторинг на ОН.
Саудиска Арабија ги прекине врските со Иран претходно овој месец откако демонстранти ја нападнаа саудиската амбасада во Техеран и конзулатот во Машхад. Нападите уследија откако во Саудиска Арабија беше егзекутиран шиитскиот свештеник Нимр Ал Нимр кој беше еден од 47 луѓе егзекутирани по обвинението за тероризам. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џо Бајден е во Турција, каде што, исто така, ќе се разговара за кризата во Сирија.