Временска прогноза - сончево и студено

Температурата денеска ќе се движи од минус еден до минус 10, а дневната од еден до три степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено со температура до еден степен.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет.

Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури.