Меркел ја повика Турција да го спречи приливот на нелегални мигранти

Бранот нелегални имигранти преку територијата на Турција треба да биде спречен, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со турскиот премиер Ахмет Давутоглу во Берлин.

Давутоглу изјави дека Турција прави сè што е во нејзина моќ за да прекине нелегалната миграција кон Европа, но ќе продолжи со политиката на отворени врати за мигрантите, кои бегаат од граѓанската војна во Сирија.