Трајанов ја оспорува уставноста на распуштањето на Собранието

Демократскиот сојуз (ДС) на пратеникот Павле Трајанов до Уставниот суд достави Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. Како што денеска соопшти, ДС смета дека Уставниот суд треба да поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието и да донесе одлука за нејзино укинување. Според партијата, исполнувањето на обврските зацртани со договорот од Пржино и спроведувањето на европската агенда и на итните реформски приоритети не смее да се врши по цена на кршење на највисокиот правен акт на државата.