Јапонија ги укина санкциите против Иран

Јапонија денеска соопшти дека ги укина санкциите против Иран откако Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Техеран ги исполни обврските од нуклеарниот договор со светските сили. Светските компании се многу заинтересирани да влезат во со ресурси богатиот Иран откако таа земја долго време беше исклучена од светскиот бизнис. Јапонската компанија „Сузуки“ веќе најави дека наскоро се враќа на иранскиот пазар.