ЕП го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово

Европскиот парламент денеска го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово. Одлуката ја поддржаа 486 европратеници, против се изјаснија 102, а 81 беа воздржани.

Известувачот за Косово во Европарламентот, Улрике Луначек, нагласи дека по ратификувањето, Договорот треба веднаш да стапи во сила и да даде позитивен сигнал за граѓаните и економијата на Косово.

Во 2008 година Косово прогласи независност, која веднаш беше поддржана од ЕУ и САД. Досега 23 од вкупно 28 земји-членки на Унијата ја признаа независноста на Косово.