Продолжуваат протестите во Молдавија

Илјадници луѓе денеска продолжуваат со антивладините протести во главниот град на Молдавија, Кишињев. Демонстрантите бараат предвремени избори. Десетици демонстранти синоќа упаднаа во влезот на Парламентот откако беше изгласана новата влада на чело до Павел Филип, кој е потпретседател на владејачката Демократска партија. Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и полицајци, беа повредени во судирите. Молдавија е во политичка криза од октомври минатата година кога владата на Валериу Стрелет беше соборена поради обвиненија за корупција.