Нема нови мигранти во прифатниот центар во Гевгелија

Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија информираше дека заклучно со 10 часот утрово, во прифатниот центар Гевгелија нема пристигнато нови мигранти од грчка страна. Состојбата е мирна и во и надвор од центарот нема мигранти, јави дописникот на МИА. Од Гевгелија кон Табановце биле транспортирани со воз и такси возила 393 мигранти кои беа останати од вчера. Македонија ја затвори границата со Грција за мигранти, откако Словенија ги блокираше нивните граници поради проблеми со железницата. Од грчка страна нема наплив поради штрајкот на поморските и железничките работници.