Налог за апсење на лидерот на кримските Татари

Лидерот-ветеран на кримските Татари, Мустафа Џемилев.

Рускиот суд во Крим издаде налог за апсење на лидерот-ветеран на кримските Татари, Мустафа Џемилев. Судот во Симфериопол соопшти дека против Џемилев се водат три истраги, но не се соопштуваат детали. Неколку недели по руската анексија на Крим од Украина, во април 2014 година, руските власти му забранија на Џемилев пет години да влегува во регионот. Кримските татарски активисти велат дека никогаш нема да ја признаат руската анексија на полуостровот.