Девет години затвор за лидер на косовските Срби

Оливер Ивановиќ.

Еден од лидерите на косовските Срби Оливер Ивановиќ е прогласен за виновен за воени злосторства пред судот во Косовска Митровица и е осуден на девет години затвор, јави Танјуг. Ивановиќ е обвинет за кривичното дело воено злосторство извршено врз цивили во текот на 1999 и 2000 година.

Со обвинението се опфатени и пензионираниот полковник Драгољуб Делибашиќ, адвокатот Илија Вујачиќ, правникот Небојша Вујачиќ и професорот Александар Лазовиќ, кои се обвинети за убиство и обид за убиство.

Сите петмина на почетокот на судењето се изјаснија оти не се виновни.

Со Меѓународниот судски совет на Основниот суд во Косовска Митровица претседава судијката од Романија Роксана Комша.