Руската рубља продолжува да паѓа

Руската рубља продолжи да паѓа и денеска достигна ново рекордно ниско ниво, при што еден американски долар се менува за скоро 84 рубљи, а едно евро за над 92 рубљи. Руската валута е погодена од ниските цени на нафтата и западните санкции против Русија поради нејзината улога во конфликтот во источна Украина. Цените на нафтата на светските берзи сега повторно паѓаат поради најавите дека Иран ќе го зголеми извозот на нафта на и онака презаситениот пазар. Минатата недела беа укинати меѓународните санкции против Иран.