Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус три, а дневната од нула до шест степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до три степени.