Казахстан распиша предвремени парламентарни избори

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев го распушти Долниот дом на Парламентот и распиша предвремени парламентарни избори за 20 март. Мандатот на пратениците завршуваше на есен. Долниот дом побара распуштање на 13 јануари, објаснувајќи дека тоа е неопходно за справување со новите предизвици предизвикани од економскиот пад со кој се соочува најголемата економија во Централна Азија. Казахстанската валута тенге доживеа значителен пад во изминатите месеци, поради големиот пад на цените на нафтата и поради влијанието од економската криза во Русија.