Рекордно ниско ниво на руската рубља

Руската рубља денеска падна на рекордно ниско ниво, при што за еден долар се менуваат скоро 81 рубља или 88,11 рубљи за едно евро. Претходното најниско ниво беше во декември 2014 година, кога еден долар се менуваше за 80,1 рубљи. Падот на валутата доаѓа поради падот на цената на нафтата на светските берзи, која денеска се продава за помалку од 28 долари за барел. Рубљата исто така паѓа и под притисок на западните санкции, воведени против Москва поради нејзината улога во кризата во источна Украина.