Десетици жртви на свински грип во Русија, Украина, Ерменија

Смртоносниот свински грип однесе десетици жртви во Русија и неколку поранешни советски републики. Здравствените власти во вториот по големина град во Русија, Санкт Петерсбург, денеска соопштија дека пет луѓе починале од вирусот Х1Н1, познат како свински грип, додавајќи дека повеќе од 310 лица биле хоспитализирани со симптоми на болеста.

Ана Попова, претседател на руската агенција за заштита на потрошувачите денеска изјави дека многу пациенти со симптоми на свински грип се хоспитализирани во 17 региони на Русија од 1 јануари. Уште неколку случаи на починати од свински грип се регистрирани во Русија.

Украинското Министерството за здравство потврди дека од вирусот Х1Н1 починале 51 човек, а ерменските власти изјавија дека од вирусот починале 16 луѓе во последниве недели.

Властите во Казахстан денеска го регистрирале првиот смртен случај на починат од свински грип.