Ајатолахот Али Хаменеи ги повика властите на внимателност

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи, повика на внимателност од властите во Техеран за да се обезбеди дека светските сили ги исполнуваат своите обврски преземени со нуклеарниот договор со Иран. Во писмото до претседателот Хасан Рохани, ајатолахот Хаменеи изразува песимизам поради „изразите на некои од американските политичари во изминативе денови“.

Меѓународните санкции против Иран беа укинати на 16 јануари, како дел од нуклеарниот договор, но ден подоцна САД воведоа нови санкции против ирански компании и поединци поврзани со програмата за балистички ракети на Иран.