Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на Димитриев

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во вилата Водно му го врачи мандатот за состав на нова влада на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. Се очекува вечерва тој да биде избран за премиер и да се конституира новата Влада.

Димитриев сега е пратеник во Собранието.

Попладнево Собранието ја констатира оставката на премиерот Никола Груевски. Претходно во текот на денот, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи парламентарните избори да се одржат на 24 април. СДСМ соопшти дека нема да учествува на избори без прочистен Избирачки список и без регулација на медиумите.