Хан - Изборите да бидат фер

Повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии, вели комесарот Јоханес Хан во писмено соопшение по одлуката на владејачката партија да има избори на 24 април година и по констатирањето на оставката на Груевски во Собранието.

„Како што реков, повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии. Сега е од круцијална важност сите политички и институционални актери во земјата да сторат сè што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. За да се направи ова, итно е да забрза подготвителната работа особено околу изборниот список“, вели Хан.


Тој во соопштението наведува дека очекува од сите партии да соработуваат и да се држат до договореното во Пржино, вклучително и реформските приоритети.