Собраниска седница за констатирање на оставката на Груевски

Почна собраниската седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот Никола Груевски и престанокот на мандатот на владата. Пратениците од пратеничката група на СДСМ ја напуштија седницата. Пратениците треба да гласаат и за распуштање на Собранието, кое ќе важи од 24 февруари, за изборите да се одржат на 24 април. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ претходно соопшти дека ќе го предложи генералниот секретар на партијата Емил Димитриев за преоден премиер. СДСМ соопшти дека нема да учествува на изборите на 24 април.