Прифатена кандидатурата на Керим за Генерален секретар на ОН

Кандидатурата на Срѓан Керим, номиниран од страна на македонската влада за функцијата Генерален секретар на ОН е официјално прифатена. Во претстојниот период за избор на Генерален секретар на ОН помеѓу јануари и јули 2016 година, Керим ќе оствари средби со претставници на петте постојани членки на Советот за безбедност - Русија, Кина, САД, Велика Британија и Франција и 10-те непостојани членки на Советот. Предвидени се и настапи и излагања пред значајни регионални организации како Африканската унија, Арапската лига, Европската унија, Организацијата за исламска кооперација, Организацијата на неврзани земји, Унијата на Јужноамерикански земји, како и билатерални средби со високи владини претставници од Африка, Азија, Европа, Латинска Америка и Соединетите Американски Држави. Изборната постапка предвидува и повеќе настапи пред земјите членки во седиштето на ОН во Њујорк, во Генералното собрание и Советот за безбедност.