Средба Попоски-Коѕиас во Брисел

Никола Попоски

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Брисел се сретнал со шефот на македонската диопломатија Никола Попоски, соопшти грчкото МНР.

Двајцата министри разговарале за најновите случувања во врска со бегалците и мигрантите, последните настани во Македонија, и за процесот за решавање на прашањето за името.

Средбата се одржала на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Брисел.