Најбогатите се побогати од сето друго население во светот

Најбогатите еден насто од глобалната популација сега контролираат поголемо богатство од останатите 99 проценти заедно. Ова се наведува во најновиот извештај на меѓународната група за хуманитарна помош Оксфем објавен пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Според извештајот, најбогатите 62 поединци во светот поседуваат многу поголемо богатство од 3 ипол милијарди луѓе на Земјата. Богатството на овие поединци од 2010 година досега се зголемило за 44 насто.