Попоски и Бесими во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска ќе престојуваат во Брисел, соопштено е во Скопје. Тие ќе учествуваат на неформален работен состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија.