Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од минус девет до еден степен. Стабилното и студено време ќе продолжи и утре и задутре, кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени.