Пакистан ќе ги смирува страстите меѓу Саудиска Арабија и Иран

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф во понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран во Техеран ќе се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е со цел да да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили.

Неодамнешната ескалација на напнатоста помеѓу кралството Саудиска Арабија и Исламската република Иран предизвика длабока загриженост во Пакистан, се вели во соопштението на пакистанската дипломатија

Во соопштението е наведено дека мирното решавање на споровите е во интерес на целокупната муслиманска заедница.