Отруени работници во фабрика во Турција

Околу 100 работници од една фабрика во централна Турција се хоспитализирани со симптоми на труење со хемиска супстанца, откако во објектот дошло до хаварија при што истекло поголемо количество отровни хемикалии. Според турските медиуми инцидентот се случил синоќа во фабрика за производство на чорапи во градот Шабанјози во централниот округ Чанкара. Болнички извори соопштија дека 15 од затруените работници се наоѓаат во критична состојба. Причините за хаваријата засега не се познати.