Ванхауте свика средба на работната група за изборите

Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи итна средба на работната група во врска со прашањето за изборите, информираат од кабинетот набелгискиот олеснувач во преговорите Питер Ванхауте. Ова е прва средба по неуспешните преговори. Дел од учеснциите во разговорите потврдија дека добиле покана за оваа средба. До оваа средба доаѓа по неуспешните маратонски разговори кои траеја12 часа, во кои лидерите на четирите најголеми партии во посредство на еврокомесарот Јоханес Хан не успеаја да се договорат за датум за избори.