ЕУ го осудува турскиот потег со апсење на професори

Европската комисија ја оцени како крајно загрижувачка акцијата за апсење на професори во Турција кои се потпишале на петицијата против воените операции против курдските бунтовници во југоисточниот дел на земјата.

Во соопштението од Европската Унија е наведено дека чекорите кои ги презела Турција со апсење се екстремно загрижувачки развој на настаните во земјата. Тие не се повеќе приведени, но сепак судски процес против нив е покренат. Турските медиуми јавуваат дека 27 професори се обвинети за ширење на терористичка пропаганда поради потпишување на декларација која е насловена „Ние нема да бидеме дел од ова кривично дело“ со кое ја повикуваат Анкара да запре со масакрот и депортацијата на курдскиот народ и другите малцинства во регионот. Академиците биле испрашувани еден ден и после биле ослободени од притвор.