Јункер: Решение за Кипар во следните шест месеци

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изрази цврсто уверување дека преговарачите ќе постигнат конечен договор за обединување на Кипар во следните шест месеци.Мировните преговори почнаа во мај минатата година со посредство на Обединетите нации.

Лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес и лидерот на кипарските Турци, Мусатафа Аканчи вчера најавија дека ќе се сретнат со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела за да го интензивираат мировниот процес.

За обединувањето на Кипар, кој е поделен од 1974 година, мора да бидат решени неколку спорни прашања за поделба на територијата, поделна на овластувањата и имотните права. Постигнатиот договор треба да биде одобрен од граѓаните.