Претседателски и парламентарни избори во Тајван

Во Тајван граѓаните денеска ќе гласаат на претседателски и парламентарни избори. Голема е веројатноста годинава да се случи и промена на власта поради незадоволството од досегашната влада. Постои можност годинава Тајван да добие и жена претседател, станува збор за шефицата на опозиционата Демократска партија на напредокот Тсаи Инг-вен. Таа во анкетите водеше со 45% од гласовите.