Убиен турски војник при напади во Југоисточна Турција

Еден турски војник е убиен и петмина се повредени при напади, организирани од бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) во округот Дијарбекир, во југоисточниот дел на земјата, објави турската телевизија НТВ.Во нивниот извештај е наведено дека борци на курдската партија вчера активирале бомби, поставени на различни места во регионот на Сур, во Дијарбекир. Во еден од нападите се повредени двајца војници. Подоцна се организирани уште два напади, во кои се повредени уште четворица турски војници.