Азербејџански опозиционер во затвор поради вулгарни зборови

Активист од азербејџанската опозициска партија Народен фронт е осуден на седум дена затвор. Судот во Баку вчера го осуди Туран Ибраим за користење вулгарни зборови во јавност, пружање отпор на полицијата и нарушување на јавниот ред и мир. Тој беше уапсен вчера во близина на неговиот дом. Неговите роднини велат дека тој немал никаков конфликт со полицијата и претпоставуваат дека апсењето е поврзано со неговите неодамнешни критики за азербејџански службеници објавени на Фејсбук. До неговото апсење доаѓа по избивањето протести во неколку области во Азербејџан поради невработеноста, покачувањето на цените и другите економски проблеми во оваа кавкаска земја богата со нафта. Ибраим е член на подмладокот на Народната партија. Неговиот татко, Мамад Ибраим, кој е советник на претседателот на партијата, е во притвор од септември поради обвиненија за хулиганство. Тој ги отфрла обвиненијата како политички мотивирани.