Турската полиција притвори 14 професори

Илустрација: Судири на курдски демонстранти со полицијата во Дијарбакир.

Турската полиција денеска притвори 14 од над 1.200 професори кои потпишаа декларација со која се осудува воената операција против курдските бунтовници во југоисточна Турција. Притворените се предавачи на Универзитетот Кочаели во северозападна Турција. Според турските медиуми, полицијата планира апсење на уште девет професори од истиот Универзитет.

Обвинителите вчера покренаа истрага против професорите поради можни обвиненија за навреда на државата и покренување на терористичка пропаганда во корист на Курдската работничка партија (ПКК).

Апсењето уследи откако претседателот Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше потписниците на декларацијата и апелираше до судството да дејствуваат против „предавството“.

Во декларацијата потпишана од повеќе од 1.200 професори од Турција и од други земји се апелира до турските власти да ги запрат „масакрите“. Потписниците побараа и обновување на мировните преговори со бунтовниците