Еврокомесарот Хан во Скопје

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан денеска во Скопје ќе се состане со претставници на четирите партии кои во минатата година го потпишаа договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. „15 јануари е клучен рок за политичката спогодба чие спроведување е важно и за владата и за граѓаните на земјата. Очекувам неисполнетите елементи од политичката спогодба да бидат решени пред или за време на мојата посета што ќе им овозможи на изборните власти да организираат кредибилни избори според договорениот временски распоред“, наведе Хан пред неговата посета на Скопје.