Времето денеска: облачно со повремен дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во западните делови и на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/ч. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од осум до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 13 степени.