Кери застана зад Саудиска Арабија во спорот со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери застана зад својот сојузник Саудиска Арабија во нејзиниот спор со Иран поради егзекутирањето на шиитски свештеник, но ги повика двете земји да ги решат несогласувањата на дипломатски начин. Кери денеска се сретна со неговиот саудиски колега Адел ал-Џубиер во Лондон. Тој рече дека земјите од Блискиот Исток не треба да се мешаат во внатрешните работи на други земји, осврнувајќи се на саудиските критики дека Иран поттикнува шиитски немири во сунитските монархии во Персискиот Залив.