Азербејџан ги затвора приватните менувачници

Азербејџанските власти им ги одзедоа лиценците за работа на сите приватни менувачници во земјата. Претставници на Централната банка денеска соопштија дека пари ќе може да се менуваат само во банките. До овој потег доаѓа по големиот пад на азербејџанската валута. Азербејџанскиот манат падна за 40 проценти во однос на американскиот долар откако централната банка минатиот месец се откажа од контрола на девизниот курс, поради намалените цени на нафтата.