Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголеми. Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од четири до 11 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот со зголемена облачност, а преку денот со слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до осум степени.