Терористички напад во Авганистан, седуммина загинати

Седуммина припадници на авганистанските безбедносни сили и тројца исламистички милитанти беа убиени, а неколкумина луѓе се ранети при напад врз владин објект во Џалалабад на истокот на земјата. Едниот од напаѓачите загинал, откако го активирал експлозивот во близина на полициско возило, а другите двајца загинале во престрелка во објектот. Полицијата соопшти дека престрелките траеле три часа пред напаѓачите да бидат убиени. Милитантите на Исламската држава во Авганистан ја презедоа одговорноста за нападот.