Подготовки за мировните преговори за Сирија

Дипломати од Соединетите држави, Русија и Обединетите нации денеска во Женева ќе одржат состанок во рамките на подготовките на мировните преговори за решавање на кризата во Сирија што се најавени за 25 јануари. Соединетите држави ќе бидат претставени од помошник државниот секретар за Блискиот исток Ен Патерсон, а Русија од помошник шефот на дипломатијата Генадиј Гатилов. Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура го свика состанокот со цел подобро да се организираа преговорите на кои треба да учествуваат претставници на сириските власти и опозициските лидери.