Упад во домот на дописникот на Њујорк Тајмс од Пакистан

Илустрација.

Пакистански паравоени сили упаднале во домот на дописникот на Њујорк Тајмс во Исламабад. Новинарот Салман Масуд изјави дека паравоената едниница Ренџери рано утринава упаднале во неговиот дом, велејќи дека бараат „осомничен за тероризам“. Пред две години, Пакистан го протера шефот на бирото на Њујорк Тајмс во земјата, Деклан Волш, за време на изборите. Пакистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека упадот „во никој случај не бил разумен или прифатлив“, но не наведе детали. Пакистанските Ренџери му одговараат директно на Министерството за внатрешни работи, но поради тоа што единицата историски е за гранична безбедност, во командата се вклучени и високи воени команданти.