Експлозија во центарот на Истанбул, 10 загинати

Најмалку 10 луѓе загинале, а 15 биле повредени при денешната експлозија во центарот на Истанбул, соопштија турските власти. Експлозијата се случила во туристички атрактивниот историски дел на градот, каде што се наоѓаат Топкапи, Аја Софија и Сината Џамија. Полицијата ја блокира областа на местото на инцидентот.

Курдските бунтовници и исламистичките милитанти извршија неколку бомбашки напади во Турција во изминатите месеци. Во Октомври, во два самоубиствени напада во Анкара, загинаа над 100 луѓе.