Истрага во Шведска за криењето на мигрантските напади

Полицијата во Шведска нареди истрага откако тамошните медиуми објавија дека таа ги прикривала обвинувањата за сексуални напади. Новинските извештаи сугерираат дека извесен број девојки биле малтретирани главно од момчиња мигранти на еден музички фестивал во август минатата година. Шведскиот премиер Стефан Лофвен изјави дека било направено „двојно предавство“ спрема нападните девојки. „Тие случаи не била истражени на соодветен начин и полицијата не информира за ваквите проблеми“, рече тој.