Најмалку 35 загинати во неколку напади на ИД во Ирак

Во нападите на милитантите на Исламската држава во еден трговски центар во Багдад и во други делови на Ирак вчера загинале најмалку 35 луѓе. Тоа било еден од најкрвавите денови во Ирак во изминативе месеци. Најмногу луѓе загинале во нападот во Багдад кој бил извршен од бомбаши самоубијци кои претходно грабнале неколку заложници.